Почитувани медиуми,
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 5-тата по ред Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“, која се одржува на 14 ноември, сабота, во Музеј на македонската борба за самостојност, со почеток во 11 часот, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.
Агендата ја имате во прилог на овој маил. И годинава имаме исклучителни жени – Македонки и од странство, кои ќе ги споделат знаењата и искуствата на тема бизнис. Сите детали се достапни на www.jassumzena.mk. Традиционално, панел дискусиите се следниве:
1. Македонски во нетипични професии
– Елена Лотеска Наумовска, капетан на брод
– Зорица Божинова, помошник машиновозач
– Кристина Трпкова, ескортно обезбедување, моторно одделение при МВР
2. Македонски во бизнис
– Андреа Илоски, генерална менаџерка и сопственичка на Инекс Олгица
– Бранка Шалеска, експертка за имплементација на дигитални решенија во здравството и продуктен менаџер за Pinga
– Искра Котевска, генерална менаџерка на ЕВМ ТИМ ДООЕЛ Скопје
– Маја Стефкова, менаџерка на погон Билкарство во Алкалоид Скопје
3. Македонки во светот
– Ивана Меговска Петковиќ, основачка и директорка на Mega Solution
– Ина Марковиќ, основачка и сопственичка на DINNA AI
– Марија Кунбароска Ванбесин, коосновачка и извршна директорка на Board Ready и MyCivic
4. Жени без граници: разговори за соработка
– Гулнара Исмаилова, основачка и директорка на Resource Hub Азербејџан
– Индира Попадиќ, основачка и директорка на OsnaZene Србија
– Лиора Каспи, основачка и директорка на Liora Business Women Foundation, Израел
– Мариам Чикопаидзе, Association of Women Entrepreneurs, Грузија
5. Мајките за Македонија
– Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Кисела Вода
– Марија Нацева, градоначалничка на Неготино
Ве очекуваме,
Искра Коровешовска, коосновачка на „Јас сум жена“ и лице за контакт (071 338 102)