Гласовите погрешно распределени | ДИК рачно ќе ги проверува записниците

175

Сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) повторно не функционира .Од ДИК се обратија преку електронска пошта со кратко соопштение до медиумите во кое велат дека сè уште рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места и општините.

„Државната изборна комисија Ве информира дека сè уште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати“ соопштија од ДИК.

Оттаму не дадоа конкретен термин кога ќе одржат седница, само кусо информираат дека неофицијалните конечните резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница, за која „благовремено ќе известат“.

Несовпаѓања на резултатите и на симулациите кои првично беа направени имаше и со проекциите што во текот на изборната ноќ излегуваа од партиите, но и помеѓу резултатите што изминатите часови ги објавуваше самата ДИК.

Воедно според пишувањата на медиумите сомнежите за погршно впишаните податоци на ДИК се појавија откако во изборни места каде што во 2016 година апсолутен победник бил СДСМ, сега има водство ДУИ и Алијанса за Албанците.

И политичките партии го повикаа ДИК да ја поправи грешката и да излезе на прес-конференција за да ги соопшти точните резултати.

Последната симулација на Државната изборна комисија врз основа на 96 отсто преброени гласови, покажа дека 46 мандати одат кај СДСМ, 44 за ВМРО ДПМНЕ, 15 за ДУИ и 12 за коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Според досега обработените податоци Левица има два мандати – еден во првата и еден во третата изборна единица, а еден мандат во шестата изборна единица оди кај ДПА.

Коалицијата „Можеме“ во новата влада да влезе со ДУИ. Двете партии вкупно би го формирале потребното мнозинството од 61 пратеник. Втората можност е новата влада на СДСМ да биде формирана со коалицијата Алијанса и Алтернатива, плус ДПА и Левица.