Состојки
- 600 гр брашно
- 1 свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажички сол
- 250 мл млеко и 3 лажици кисело млеко
- 1 јајце
- 60 гр стопен путер
- Фил
- 100 гр стопен путер
- 1 јајце
- 100 гр сирење
Подготовка
- Квасецот, шеќерот и млекото оставете ги додека не скисни квасецот па додајте ги другите состојки. Измесете меко, нелепливо тесто и него оставете го се додека не се дуплира.
- Од тестото исучете кора со дебелина од 3-4 см и од неа со поголема чаша или некој калап исечете кружни парчиња, како за крофни.
- Тепсијата намачкајте ја со путер.
- За филот, стопете го путерот и измешајте го со јајцето и сирењето.
- По крајот од тепсијата почнете да ги редите парчињата тесто едно врз друго, а измеѓу ставајте му по 1 лажиче од филот.
- Тестото кое ќе ви остане од првото сечење повторно премесете го и од него продолжете со ваѓање на парчиња.
- Одозгора премачкајте го венецот од тесто со јајце и наросете го со семиња.
- Оставете го половина час да скисни, а за тоа време загрејте ја рерната на 180 степени.
- Печете се додека не добие убава боја, после десетина минути можете да го покриете со фолија, да не ви изгори пред време, а се пече отприлика 40 минути.