Max Gerson

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Герсонова метода за лекување заболени од рак и други тешки болести | Видео

By kukuriku

October 22, 2018

Методот на Герсон е сеопфатен пристап кон лекување на организмот со помош на посебна исхрана и детоксикација.

Овој метод ја подобрува природната способност на организмот за само-заздравување. Методот на Герсон денес е една од најпопуларните природни терапии за лечење на ракот во целиот свет.

Меѓутоа, помага при многу други болести, како што се епилепсија, зависност од дроги и лекови, дијабетес, синдром на хроничен замор, артритис, срцеви и бубрежни заболувања.

Ако се користи превентивно, овој метод може да спречи многу болести и да го зачува доброто здравје.

Откривање на терапијата

Max Gerson

Овој специјален прехрамбен режим е развиен во дваесеттите години на минатиот век од страна на Max Gerson, германски лекар, роден во 1881 година во област на денешна Полска.

Бидејќи тој боледувал од мигрена чии симптоми се влошувале, а тогашната медицината не била во можност да му помогне, истрајал во намерата сам да пронајде лек за својата болест.

Истражувајќи ја достапната литература и експериментирајќи на себе, открил дека неговата вегетаријанска исхрана без сол го ослободува од силни главоболки и мачнини.

Препорачувајќи ваков тип на исхрана и на своите пациенти, случајно открил дека истиот метод на подготовка на храна лечи лупус и туберкулоза за кои тогаш немало лек.

Успехот во лекувањето на туберкулозата е потврден со клинички испитувања, и така терапијата на Герсон стана позната низ цела Европа.

Резултатите на д-р Герсон беа потврдени и од добро познати пациенти, како што се семејството на д-р Алберто Швајцер, добитник на Нобеловата награда, кој ги излечил од дијабетес, а неговата сопруга од туберкулоза.

Иако својата диета (посебна исхрана) претежно ја препишувал на пациентите со туберкулоза, се покажала истовремено, дека е успешна и во третманот на алергии, астма и крвен притисок.

Герсон сфатил дека неговата исхрана не третира одредени заболувања, туку го поттикнува метаболизмот и имунолошкиот систем да функционираат правилно и со тоа да го вратат здравјето.

Како функционира исхраната на Герсон?

Герсон ја дели храната на три групи – пожелна, повремено дозволена и забранета. Исхраната на Герсон е прилично рестриктивна. Јадете претежно сурова и речиси целосно вегетаријанска храна.

На чинијата пожелно е да има овошје и зеленчук во големи количини.

Исто така, дозволени се портокали, лимони, јаболки, круши, праски, сливи и цреши, потоа домати, пиперки, боранија, блитва, зелена салата, кељ, брокула и црвена зелка. Повремено можете да јадете и половина банана.

Свежото овошје и зеленчукот се јадат сурови, во салати, сокови или супи.

Од невегетаријанските производи се дозволени се само јогурт и мед. Млекото и млечните производи, како и месото, се забранети.

Повремено можете да јадете ориз и малку леб од интегрален ‘рж или овес. Почесто се дозволува варен компир.

Од масло дозволено е само лененото масло.

За засладување може, а се користи јаворов сируп, мед или кафеав шеќер во количина која не надминува две лажички дневно.

Пациентите не пијат вода, туку се препорачуваат сокови. Во текот на денот треба да се пијат до 13 чаши сок.

Луѓето кои сакаат да ја поминат исхраната на Герсон мора целосно да ја исфрлат солта, бидејќи, според д-р Герсон, продирањето натриумот во клетките предизвикува многу болести.

Потребно е да се избегнат сите преработени прехранбени производи, вклучувајќи ја и замрзнатата и конзервираната храна, пушената и, се разбира, саламурената храна.

Алкохолот, кафето и сите чаеви се забранети.

Не смеат да се јадат мешунки, соја, печурки и маргарин.

Од овошјето и зеленчукот не се дозволени ананас, авокадо, бери овошје, кокос и други јаткасти плодови, како и краставици, ‘ртулци и суров спанаќ.

Терапија со сокови

Продолжува на страна 2

Во 1950-тите години, Герсон ја усовршил својата програма посебно за пациентите со рак.

Тој вовел конзумирање на сокови од овошје и зеленчук, по можност да се органски.

Соковите се пијат во текот на денот, секој час, секогаш свежо подготвени.

Герсон препорачува четири основни видови сокови: сок од морков, од јаболка со моркови, од портокали и зелен сок (зелка и друг зеленчук).

Треба да се пијат 13 чаши сок на ден.

Со соковите потребни се три лесни оброци дневно, од кои секој содржи специјална Хипократова супа која има моќни детоксифицирачки својства.

За појадок можете да јадете овесна каша со додавање на овошје, а за ручек и вечера, компири и салати.

Се готви на слаб оган со што помалку вода. Алуминиумските садови се забранети, а се препорачува употреба на сребрен прибор за јадење.

Рецепт за Хипократова супа

Подготовка

Чистење на телото со клистир од кафе

Според Герсон, неопходно е да се изврши клистир од кафе четири пати на ден, а во случај на големи тумори и почесто.

Герсон утврдил дека на тој начин најдобро се чисти црниот дроб и се отстрануваат отровите од телото.

За една доза клистир се подготвува 900 ml варено кафе. Повремено за таа цел се користи и рицинусово масло.

За време на спроведувањето на клистирот неопходно е да се отстранат сите хемијски козметички производи кои доаѓаат во контакт со кожата или слузокожата.

Додатоци во исхраната

Луголов раствор

Д-р Герсон бил поддржувач на природни додатоци во исхраната.

За лекување, со посебна храна и клистир, препишувал калиум и јод во форма на Луголов раствор.

Од витамини препорачувал витамин Ц, Б3 и Б12 и дигестивни ензими.

Денес во неговата терапија се вклучени витамин Б17, коензим Q10 и колострум.

Земањето калциум го сметал за штетно.

Немал поддршка од своите колеги

Откако емигрирал во САД во триесеттите години, Герсон го фокусирал своето истражување во превенција и лекување на ракот.

За жал, и понатаму немал поддршка од колегите ниту од научниците во медицината.

По неговата смрт, ќерката Шарлот Герсон продолжила со долгогодишната работа на нејзиниот татко, а во 1977 година го основала Институтот Герсон.

Во моментов, во светот постојат два овластени центри кои ги третираат пациентите со Герсоновата метода, во Мексико и во Унгарија, во близина на Будимпешта.

Повеќе за Макс Герсон во неговиот метод можете да дознаете од филмовите на Чудото на Герсон и Убава вистина.

Оваа статија сигурно би сакале да ја прочитаат и вашите пријатели.

Споделете ја!