ГЕРМАНИЈА И РУСИЈА НЕМА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ ВО ИДНИНА | Шолц вели дека Путин се плаши од демократијата

2760

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија и Русија нема да бидат партнери во догледна иднина.

Шолц потсети дека целта на стратешкиот концепт од 2010 година е зајакнување на партнерството меѓу Германија и Русија.

Меѓутоа, во светло на актуелните настани, „невозможно е да се замисли“ партнерство со Москва во иднина, рече канцеларот во говорот во Бундестагот.

Рускиот лидер Владимир Путин стравува дека „искрата на демократијата“ може да се прошири во Русија, изјавил порано Шолц.

Според политикологот Александар Сосновски, германскиот канцелар се плаши од претседателот на Руската Федерација.