АНАЛИЗА

Германија е на последно место по наталитет

By kukuriku

May 08, 2020

Германија е државата со најниско ниво на наталитет во светот, поместувајќи ја од последното место дури и Јапонија.

За последните 5 години во Германија на 1.000 луѓе се паѓаат по 8,2 новороденчиња. Во Јапонија коефициентот е 8,4, покажуваат податоците на Хамбургскиот институт за меѓународна економија. Највисок пак е наталитетот во Нигерија, каде на 1.000 луѓе има по 50 бебиња.

Нискиот наталитет во Германија носи и загрижувачко намалување на работоспособното население на земјата (од 20 до 65 години). Според прогнозата на Хамбургскиот институт за економија, до 2039 година работоспособното население во земјата ќе се намали од 61% до 54%.

“Недостигот на работна сила може да се компензира на сметка на жените и младите имигранти. Во секој случај, без силен работен пазар Германија не може да ја одржи економската супериорност во долгорочна перспектива”, се забележува во примероци од германскиот Институт на ревизорите.