ЗАНИМЛИВОСТИ

Француски градоначалник им забранил на граѓаните да умираат за време на викендите

By kukuriku

December 09, 2019

Законите можат да бидат изненадувачки, да не кажам потполно чудни. Не ми верувате? Градоначалникот на едно француско село ја забранил смртта за време на викендите – од многу добра причина.

Градоначалничката на француското село Gresle во регионот Loire издаде указ со кој им се забранува на своите граѓани да умрат за време на викендите и празниците. Сепак, необичниот потег е симболичен: градоначалникот го критикува акутниот недостиг на доктори.

„Неодамнешната смрт, која се случи минатата недела, ја докажа апсурдноста на системот, на која градоначалникот реагира со апсурдна наредба“, се вели во изјавата на градоначалникот Isabelle Dugelet.

На 1 декември беа потребни два и пол часа да се најде лекар кога починал постар жител од дом за стари лица. Dugelet тврди дека ова претставува „недостаток на почит кон починатите и нивните семејства“.

Градскиот совет додаде дека со указот треба да се сврти вниманието кон „катастрофалната здравствена состојба“ во Gresle и соседните села. Областа страда од акутен недостаток на доктори.

www.rfi.fr/france