Франција сака граѓаните да се возат со велосипед по пандемијата

346

Франција сака граѓаните да користат велосипеди наместо автомобили за да се движат низ градот и да одат на работа кога ќе заврши изолацијата поради пандемијата од коронавирус, велат владините планови, откриени денеска.

Иницијатива на француското Министерство за енергетика и транспорт предвидува развој на привремени ленти за велосипеди и субвенција од 20 милиони евра за трошоците за поправка на велосипедите. Планот исто така вклучува зголемување на бројот на паркинзи за велосипеди, како и обука на луѓе за возење велосипед.

Франција постепено ќе ги олесни ограничувањата наметнати на коронавирусот од 11 мај, по скоро два месеци.

„Додека 60 проценти од патувањата во Франција се помалку од пет километри, наредните недели се можност за многу Французи, без разлика дали се велосипедисти или не, да изберат да возат велосипед“, рече министерот Елизабет Борн.

Планот предвидува поттик до 50 евра за поправки кај субвенционираните механичари и ќе им овозможи на работодавачите да покријат до 400 евра трошоци за превоз на работниците кои доаѓаат на работа со велосипед.

Париз има околу 370 километри велосипедски ленти, а со новите привремени ленти треба да изнесува вкупно 650 километри.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.