FOTO GALERIA

Фото сесија на воени инвалиди | Ветерани повредени во војна

By kukuriku

May 06, 2016

Воените ветерани, кои се повредени, покажуваат дека треба да бидат силни и сигурни, без разлика на сѐ што се случило.

Смелиот калифорнијски фотограф Мајкл Стоукс го претстави новиот “календар” низ серија негови дела. Наместо вообичаените модели на страниците на календарот – ветерани на американските маринци кои ги изгубиле екстремитетите во борба. Овие храбри момци и девојки, ги отфрлиле сите стравови и предрасуди, и се појавиле пред објективот без трошка срам и сомнеж.

Ветераните ги фотографирал често, но многу од фотографиите предизвикуваат ништо друго освен сожалување. Стоукс својот проект го претстави сосема поинаку. Тој покажа дека таквите луѓе можат да бидат силни и убави. И како модели тие можат да изгледаат кул и самите на себе доволни.

“Многумина ми велат: – Вие толку добро сте го направиле ова што ќе им помогне на овие луѓе да го подобрат самопочитувањето и вербата во себе! На што јас одговарив: – Овие луѓе и така дошле кај мене без гајле, силни и подготвени за сѐ. Јас не им ја дадов довербата. Тие ја имаат доволно и без мене”– рече Мајкл.