Форт Ири – Онтарио, Канада | Дали знаете дека постои цунами од мраз? (Фото/Видео)

477

Силен ветер предизвика цунами од санти мраз во Форт Ири, Канада.

Полицијата сними виде на огромни парчиња мраз кои се префрлаат над насипите на реката Нијагара, во близина на езеро Ири.

Ова цунами, познато како “туркање на мразот”, е природен феномен создаден од силните ветришта кои во комбинација со екстремно ниските температури, ги префрлаат парчињата мраз преку заштитниот потпорен ѕид.

Полицијата од канадскиот град Форт Ири ги предупреди возачите да внимаваат на оваа бизарна непогода што би можела да се излее на крајбрежниот пат.

Населението кое живее во близината на езерото Ири, но во американската сојузна држава Њујорк веќе добило повик за евакуација.