Фонтана од лава што ја исфрли Етна вчера надмина надморска височина од 1500 метри | Видео 

470

Етна, најактивниот европски вулкан, ги изненади дури и искусните вулканолози во последните денови со спектакуларна ерупција на лава секоја вечер.

Фонтана од лава што ја исфрли Етна вчера надмина надморска височина од 1500 метри.

Последната ерупција се случила утрово, објави Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.

Повеќе од една недела, Етна редовно исфрла лава, пепел и вулкански карпи. Блискиот аеродром во Катанија е привремено затворен. Нема информации за материјални штети или повредени.

Етна е најактивниот европски вулкан, а последната ерупција од 1992 многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении.