Физичката активност само за време на викендите има ист ефект врз срцето како и редовното вежбање

561

Физичката активност е несомнено корисна за кардиоваскуларниот систем, но со оглед на денешниот брз начин на живот, често е тешко поединците редовно да се занимаваат со некоја активност во текот на работната недела.

Една неодамнешна студија покажа дека редовната умерена до енергична физичка активност во текот на неделата има сличен ефект врз кардиоваскуларното здравје како и умерената до енергична физичка активност концентрирана во текот на еден до два дена – обично за време на викендот, пишува Medical News Today.

И „вежбачите за викенд“ и оние кои редовно вежбале во текот на неделата имале помал ризик од срцев удар, атријална фибрилација, срцева слабост и мозочен удар, покажале резултатите од студијата објавена во JAMA Trusted Source.

Физичката активност е несомнено корисна за кардиоваскуларниот систем, но со оглед на денешниот брз начин на живот, често е тешко поединците редовно да се занимаваат со некоја активност во текот на работната недела.

Тренинг за време на викендите во споредба со тренинзите во текот на неделата

Истражувачите потсетуваат дека препораката за физичка активност е околу 150 минути умерена до енергична физичка активност неделно.

Тие сакаа да откријат дали има разлика во здравствените придобивки на две групи вежбачи – луѓе кои кондензираат умерена до енергична физичка активност во два дена во неделата (т.н. вежбачи за викенд) и оние кои ја распределуваат својата физичка активност порамномерно во текот на неделата.

Со цел да се направи прецизна споредба, студијата опфатила и група вежбачи чија физичка активност била помала од 150 минути неделно. Оваа група не го достигнала препорачаниот неделен праг на вежбање и затоа се сметала за неактивна.

Студијата опфатила 90.000 испитаници со просечна возраст од 63 години

Во истражувањето учествувале речиси 90.000 луѓе со просечна возраст од 63 години.

Сите учесници носеле акцелерометри на зглобовите една недела за да го забележат нивото на физичка активност.

Врз основа на нивото на активност, истражувачите ги класифицирале учесниците како вежбачи за викенд, оние кои редовно вежбаат во текот на неделата или неактивни.

Групата викенд-вежбачи ја сочинувале околу 42 отсто од испитаниците, 24 отсто биле во групата што редовно вежбале, а 33,7 отсто биле оценети како неактивни. Кога ги анализирале податоците, научниците ги земале предвид факторите како возраста, степенот на образование и пушењето.

Благосостојбата по 6 години следење е речиси иста

По шестгодишно следење на учесниците во студијата, се покажало дека ризикот од развој на срцев удар, во споредба со физички неактивните луѓе, е 35 отсто помал кај дневно активните луѓе и 27 отсто помал кај вежбачите за викенд.

Ризикот од развој на атријална фибрилација и срцева слабост во двете групи бил ист – 20 до 27 проценти помал.

Слични резултати биле пронајдени кај луѓе кои вежбале во просек околу 230 минути неделно.

Важна е целокупната активност, а не нејзиниот тајминг

Авторот на студијата, д-р Shaan Khurshid of the Demoulas Center for Cardiac Arrhythmias at Massachusetts General Hospital, објасни за Medical News Today дека резултатите сугерираат дека „и шемата на активност на вежбачите за време на викендот и поконзистентната шема на активности во неделата се поврзани со слично намалување на ризикот од срцев удар, срцева слабост срцева болест, атријална фибрилација и мозочен удар во споредба со неактивните поединци. Се чини дека целокупната активност, а не тајмингот, е важна за подобрување на кардиоваскуларното здравје“.

Д-р. John Bahadorani, интервентен кардиолог во Institute for Cardiovascular Health при Saddleback Medical Center во Laguna Hills, California, кој не бил вклучен во студијата, пред MNT ги посочи клучните придобивки од вежбањето и физичката активност.

Вежбањето е од суштинско значење за здравјето на кардиоваскуларниот систем бидејќи позитивно влијае на срцето и крвните садови. Редовната физичка активност го зајакнува срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок, го намалува лошиот холестерол (LDL) и го зголемува добриот холестерол (HDL). Во исто време, помага во одржување на здрава тежина, ја подобрува циркулацијата на крвта и способноста на телото ефикасно да го користи кислородот.