Министрите за туризам од различни земји, вклучително и секретарот за туризам во Филипини, Ванда Коразон Тео (центар), учествуваат на Меѓународната конференција за статистика на туризмот во хотелот „Мариот“ во градот Пасај, на 21 јуни 2017 година. Конференцијата ја предводи Светскиот туризам на ООН Организација. Покрај Филипините, на конференцијата учествуваа и Тајланд, Камерун, Костарика, Фиџи, Бангладеш, Шри Ланка и Сејшели.

ПАТУВАЊА

Филипинска министерка | “Помалку пишувајте за убиства, тешко ми е да донесам туристи”

By kukuriku

December 11, 2019

Работата на министерката за туризам во земјата која јавно се фали за убиства на криминалците без судење не е лесна.

Wanda Corazon Teo е на таа функција и не и помагаат ниту преубавите планински предели на Филипините, тропските острови и фасцинантната култура и историјата на земјата.

Во разговор со новинарите во текот на турнеите по соседните земји заедно со контраверзниот филипински претседател Родриго Дутертем, Wanda Teo рече дека единствени прашања кои ги добива од странските медиуми се оние за „војната против дрогата“ и убиствата.

– Вие мора да ни помогнете. Многу ми е тешко да „продавам“ во Филипините, особено кога убиствата се главна тема. Медиуми, ве молам, малку намалете го пишувањето за тие убиства, рече таа.

Како што рече туроператорите во Европа и Азија секогаш ја прашуваат за теми кои немаат никаква поврзаност со туризмот, па и е „многу тешко да привлече туристи“.