Филипче | Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување

319

Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.