Филипче: Почина пациентката од Дебар која беше на респираторна машина | Видео

191

Министерот за здравство, Венко Филипче одржа прес-конференција во Владата, каде ги изнесе најновите податоци со новозаболените пациенти од коронавирусот.

-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа, истакна Филипче, се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.