Филипче од Владата бара затворање на трговските центри, а пекарите да организираат шалтерски систем | Видео

686

Министерството за здравство и Комисијата за заштита од спречување на заразните болести ќе предложат до владата затворање на затворените трговски центри, односно моловите, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче упати порака и до пекарниците, доколку е изводливо да организираат шалтерски систем на работа, односно да се ограничи влезот на потрошувачи внатре во просториите. Воедно кажа дека во текот на вчерашниот ден било забележано дека пекарите ги тргнале масите за да не може да се јаде внатре.