Филип Димкоски во книжевна посета на Хрватска

508

Младиот македонски поет Филип Димкоски во првата половина на јуни ќе има неколку книжевни настапи во Хрватска. На 4 јуни ќе одржи час во природа со студентите од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб кои изучуваат македонски јазик.

Освен поезија на Димкоски, ќе се чита поезија и од други македонски поети.Часот е по покана и во организација на проф. Инес Цебовиќ.

На 5 јуни пак, во библиотеката „Август Цесарец“ во Загреб, со почеток во 18.00 часот ќе се одржи настан на кој ќе биде промовирана книгата „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски и ќе бидат претставени српското и бугарското издание на книгата.

Песната „И каменот има душа“ ќе биде прочитана на десет словенски јазици (македонски, српски, бугарски, хрватски, словенечки, полски, чешки, словачки, украински и руски).

На 9 и 10 јуни Димкоски ќе настапи на Меѓународниот поетски фестивал „Морето на дланка“ што ќе се одржи во Пула и во Ровињ. Наградата за најдобра песна во регионот посветена на ромите, што му беше доделена минатата година на Меѓународниот саем на книгата во Белград, му овозможи настап на овој фестивал.