ЖИВОТ

Феноменални намирници кои ќе ви го зајакнат либидото | Моќни афродизијаци

By kukuriku

July 14, 2019

Со оглед на степенот на стресот со кој секојдневно се соочуваме и еден куп обврски, ниското либидо е проблем за многу жени и мажи.

Сепак, сексуалниот живот е важен дел од секој однос и не треба да го занемариме. На либидото можат да влијаат многу фактори, како што се менталното здравје, статусот во врската и многу други.

Колку и да се трудите, либидото понекогаш е невозможно да се стимулира. Сепак, постојат одредени начини кои ќе ви помогнат да ја разбудите желбата за секс, а станува збор за природни методи, и тоа во облик на храна.

Не се вели залудно дека љубовта оди преку желудникот, а научниците утврдиле дека постојат прехранбени производи таканаречени афродизијаци, кои навистина можат позитивно да влијаат на нашето либидо.

Се покажало дека медитеранската исхрана е многу добра за зголемување на сексуалната желба, бидејќи предвидува некои од намирниците кои имаат моќно афродизијачко дејство.

Подолу ќе се сретнете со некои од намирниците кои би можеле да имаат корисен ефект врз вашата сексуална желба.

Остриги

Остригите се познати како моќни афродизијаци од античко време, а и истражувањата покажале дека имаат својства кои го зголемуваат либидото. Поточно, тие содржат цинк кој е од суштинско значење за правилно функционирање на машкиот репродуктивен систем. Покрај тоа, остригите и другите морски плодови, исто така, содржат амино киселини кои можат да ја стимулираат сексуалната функција.

Продолжува на страна 2

Лути пиперчиња

Лутите пиперчиња содржат хемикалија капсаицин која го стимулира протокот на крв, а се смета дека се афродизијак, бидејќи го стимулираат доброто расположение и страст.

Мака во прав

Мака правот е познат по своите многубројни позитивни ефекти врз здравјето, а се покажало дека го подобрува расположението и енергијата, ги намалува симптомите на ПМС и го подобрува либидото кај жените. Сепак, бидете внимателни и не претерувајте кога земате мака прав. доволно е половина лажичка дневно.

Продолжува на страна  3

Лосос

Истражувањата покажале дека внесот на витамин Д го зголемува нивото на тестостеронот и позитивно влијае на расположението, односно им помага на оние кои имаат проблеми со депресија. Ниските нивоа на витаминот Д се поврзува и со намаленото либидо, особено кај жените. Лососот е одличен извор на витамин Д, па не заборавајте да го вклучите во вашата исхрана.

Тартуфи

Вкусен и прилично скап деликатес се црните тартуфи кои содржат женски феромон андростенол кој позитивно влијае на сексуалната желба кај мажите.

Продолжува на страна  4

Ѓумбир

Одредени истражувања покажале дека ѓумбирот ја подобрува сексуалната функција и либидото кај мажите. Покрај тоа, коренот на ѓумбирот помага и при многу други состојби како менструални грчеви, болки во мускулите, и го намалува ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес.

Лубеница

Омиленото летно овошје за многумина е дефинитивно лубеницата, а таа содржи неколку клучни фитонутриенти кои имаат сличен ефект како Виаграта, што секако е добра вест за мажите. Покрај тоа, лубеницата е многу здрава и нискокалорична намирница, која е одличен избор за жешките летни денови.