Постерот “Rosie the Riveter”, со порака “Ние можеме да го направиме тоа!”, прикажува американска работничка во фабрика, која требала да ги поттикне жените на вработување за време на Втората светска војна, кога мажите биле на боиштата.
Кој стои зад ликот кој подоцна станал икона на феминистичкото движење?
Во 1942 година, нешто чудно – и речиси скандалозно – се случило во воздухопловната база во Аламида. Од безбедносни причини, командантот на базата им наредил на сите работници кои работеле на машини да носат панталони.
Во тоа време, жените кои носеле панталони биле толку чудна глетка што фоторепортерот од новинската агенција “Acme” бил испратен да ја документира таа глетка. Фотографирајќи, фоторепортерот ја фотографирал и тогаш 20-годишната Naomi Parker Fraley, која како и многу жени во 40-тите, ја презела работата во воената индустрија како испомош. На црно-белата фотографија која била објавена 1942 година, Naomi позира како жена фокусирана на работата, облечена во работничка облека, со марама околу главата, и со коментар: “Работната облека не ја направила Наоми Паркер помалку атрактивна.”
Фотографијата го инспирирала уметникот Џеј Хауард Милер да направи еден од најпознатите американски билборди “Rosie the Riveter”. Беше тоа персонификација на женската моќ на тоа време и симбол на женското движење.
За жал, за Fraley, која почина на 20-ти јануари во 2018. година, на 96-годишна возраст, скоро никој никогаш не слушнал.
Имено, долго време се верувало дека Geraldine Hoff Doyle е Rosie the Riveter , една од работничките од тогашните мичигенски фабрики за оружје. Doyle тврдела дека тоа е нејзина фотографија кога ја видела 1984 година во списанието “Modern Maturity”. По нејзината смрт, утврдено е дека е невозможно таа да била на фотографијата, бидејќи во тоа време кога е направена, Doyle била средношколка.
Продолжува на страна 2
Сомнежот дека на фотографијата не е Doyle, прв пат се појави кога, тогаш веќе 85-годишна, витална старица, Naomi Parker Fraley 2009 година со сестрата Ада Вин Лој, за време на посета на Националниот историски парк во Ричмонд, каде на споменикот на жените кои за време на војната работеле за воената индустрија, се видела на фотографијата на која одамна заборавила.
“Не знам”, коментирала потоа “дали бев повеќе изненадена кога ја видов таа стара фотографија или кога, малку подоцна, сфатив дека е потпишана со име на некоја друга жена.”
Фотографијата била изложена веднаш до познатиот постер, објаснувајќи дека послужила како инспирација за него.
Кустосот на меморијалниот центар се заинтересирал за таа приказна, а и Naomi Parker Fraley, кога се вратила дома, ја пронашла и ја испратила исечената слика од весникот.
Потоа со фотографијата се позанимавале и на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Професорот Џејмс Кимбл истражувал која е Rosie и заклучил дека тоа е Naomi Parker Fraley.
По војната, Naomi ја напуштила воздухопловната база и се вработила како келнерка во ресторанот на Палм Спрингс. Наскоро се омажила.
“На жените во оваа земја во ова време потребни им се икони. Среќна сум, ако и јас сум една од нив”, изјави таа за магазинот “Pipl” 2016 година.