Facebook | Политичарите веќе нема да можат да објавуваат што сакаат

101

Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг објави дека платформата ќе воведе нови правила кога станува збор за „штетниот“ говор на јавните личности.

Закерберг објави дека компанијата во иднина ќе означува „штетна содржина“ на политичарите.

Иако тој не го именуваше претседателот Доналд Трамп, ова правило доаѓа како одговор на кампањата во која се повикува Фејсбук да воведе построги ограничувања на „дезинформациите“ за политичката кампања на претседателот и гласовите кои се дел од неа, како и неговите постови.

Твитер веќе воведе ознаки на некои твитови на Трамп кои се обележани како навредливи или заканувачки, но исто така ги забрани сите политички реклами.

Кога Твитер за прв пат го обележа твитот на Трамп, Закерберг го осуди, тврдејќи дека не е работа на социјалните мрежи да бидат „арбитри на вистината“, но тој изгледа дека од тогаш се предомислил.

– Наскоро ќе започнеме со обележување на одредени содржини – рече тој преку преносот во живо.