SHOWBIZ

„Евровизија 2021“ | Меѓу пријавените земји и Македонија

By kukuriku

October 27, 2020

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) сооошти дека за „Песна на Евровизија“ што во 2021 година треба да се одржи во Ротердам, Холандија, се пријавија 41 земја, меѓу кои и Македонија. На настанот се потврдени истите држави кои требаше да имаат свои претставници и на годинашното издание кое беше откажано поради пандемија на коронавирусот.

Покрај Македонија и, секако, домаќинот Холандија, на фестивалот ќе учествуваат и Албанија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Грузија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Израел, Ерменија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Молдавија, Германија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Велика Британија и Украина.

Поради откажувањето, ЕБУ донесе одлука организацијата на Евросонг“ повторно да ја довери на холандските емитери, а фестивалот би требало да се одржи од 18 до 22 мај.

– Благодарни сме за посветеноста на 41. емитер за помошта во повторната организацина и враќање на Евровизија, рече Мартин Естердал, извршен супервизор на натпреварувањето.

Тој додаде дека ЕБУ, заедно со холандските емитери НПО, НОС и АВРОТРОС, работи на четири сценарија за „Песна на Евровизија 2021“ и дека се во постојан контакт со сите учесници.

Извршниот продуцент на фестивалот, Сице Бакер наведе дека организаторите си поставиле високи критериуми за претстоното издание на фестивалот и дека во тек е изработка на протокол во насока на заштита на здравјето на натпреварувачите, на новинарите и посетителите.