SHOWBIZ

“ЕВРОПСКО ОД СОН” | Конечно и ракометарите добија своја химна | Видео

By kukuriku

December 31, 2021

Песната “ЕВРОПСКО ОД СОН” е создадена од навивачи за навивачите на македонската ракометна репрезентација.

Две недели пред започнувањето на Европското првенство во ракомет, на кое Македонија учествува шести пат по ред, целта на песната е да ја подгрее навивачката атмосфера и да им биде ветер во грб на нашите ракометари предводени од Кире Лазаров.

Идеен творец на проектот и автор на музиката е Филип Неделковски, текстот е на Огнен Неделковски, а аранжманот на Ангел Ќосев.

Песната е снимена во студиото “Подрумот”. За видеото беше задолжен Дарио Јанковиќ, по сценарио и режија на Огнен Неделковски. Менаџер на проектот и ПР е Соња Алексоска Неделковска.

Филип Неделковски

Главни вокали во песната се Дејан Тасев и Александар Здравков, а во неа пеат и сите навивачи, кои најдоа време, желба и храброст да учествуваат во снимањето на овој проект. Сите што не успеаа – ги има во спотот преку фотографии.

Покривител на проектот е Неуромедика, а при неговата реализација помогна и Македонската Телевизија, која отстапи инсерти од својата документација за потребите на спотот.

Конечно и ракометарите добија своја химна. Да се надеваме дека таа ќе ги поттикне и мотивира да направат добри резултати на ЕП во Дебрецин, а и понатаму во втората фаза.