Европска земја која е најуспешна во борбата со коронавирусот, ѝ се спротистави на СЗО

399
Премиерот на Словачка Игор Матовиќ со заштитна маска за време на прес-конференција во Братислава, Словачка, 21 март 2020 година.

Словачка е една од најуспешните европски земји во борбата против коронавирусот, но во една работа и се спротивстави на Светската здравствена организација во таа борба.

Вирусот продолжува да убива илјадници луѓе секој ден низ цела Европа, но една земја се истакнува, според „Блумберг“. Словачка има најниска стапка на смртност во Европа од коронавирусот, со само четворица мртви на милион жители.

За споредба, светскиот просек на смртни случаи на милион луѓе е 29,3, додека во најпогодените земји, како Шпанија или Италија, тој е многу пати поголем. Според веб-страницата Worldometers, Шпанците имаат 519 смртни случаи на милион жители, а Италијанците 458.

Словачка, земја со население од 5,5 милиони, ги затвори сите училишта, продавници и граници пред која било друга земја во Европа, а веднаш по Италија и почетокот на катастрофата во таа земја.

Освен што брзо реагираа, Словаците во еден поглед не ги почитуваа препораките на Светската здравствена организација. Додека експертите на СЗО посочуваат дека „маските може да направат повеќе штета отколку добро“ и треба да ги носат само лекарите и луѓето со оваа болест, во Словачка имаа спротивен пристап.

Дури и пред словачката влада да воведе употреба на маски како задолжителна мерка, политичарите но и ТВ водителите во таа земја промовираа употреба на маски.

Словачките мерки вродија со плод. Тие ги воведоа мерките пред шест недели, а во моментов, според официјалните бројки, 22 лица починале од коронавирусот во таа земја, заразени се вкупно 1.391. Во болницата има 180 лица, само осум на интензивна нега, а ниту еден пациент не е на респиратор. Дневниот просек на нови случаи во изминатата недела е шест.

„Брзината на одговор беше клучна. Би било идеално епидемијата да биде задржана во фаза каде што можете да ги пратите контактите на секој нов случај. Словачка ја направи вистинската работа“, рече Ева Шерхамер, раководител на одделот за епидемиологија на Факултетот за медицина во Виена.

Примерот на Јурај Дроба, водечкиот човек на регионот Братислава, каде што живее 10 проценти од вкупното население на Словачка, е доказ за фактот дека Словаците реагираа брзо. Тој ги затвори училиштата два дена откако беше пријавен првиот случај и една недела пред да се случи тоаво остатокот од земјата, објаснувајќи дека „видел што се случува во Италија“.

Главниот здравствен инспектор на Словачка, Јан Микас, исто така, брзо постапи. Тој на тој начин и нареди на полицијата да запре конвој на скијачи кои се враќаат од Австрија и ги стави во карантин за надзор. Во тоа време, околу 60 луѓе беа тестирани позитивно.

Словачката влада соопшти дека полека ја враќа економијата на патот по блокадите. Сепак, научниците сметаат дека е рано да се каже дека борбата е завршена.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.