На 2 јули 1942 година, повеќето од децата на Lidice, мало село во некогашна Чехословачка, биле предадени на Łódź Gestapo.
Осумдесет и две деца биле транспортирани до кампот за истребување, 70 километри подалеку од Chelmno, каде биле убиени. Оваа извонредна скулптура искреирана од Marie Uchytilová направена е за секогаш да се сеќаваме на нив.
Сепак, што тие (и нивните семејства) направиле за да заслужат таков крај?
Настаните кои водеа до нивната смрт биле комплексни, но клучниот момент е убиството на Reichsprotektor на нацистичкиот Протекторат на Бохемија и Моравија, Reinhard Heydrich. Чехословачка била окупирана од нацистичка Германија од април 1939 година и во голема мера била омразена фигура на угнетувачката власт. Тој бил нападнат од страна на британскиот обучен тим од војници на Чешка и Словачка. Од моментот на неговата смрт, предизвикана од септикемија која произлегла од неговите повреди, една недела подоцна на 4 јуни 1942 година, целата земја знаеше дека ќе има реперкусии. И ништо не би можело да ги подготви за хоророт кој знаеја дека ќе дојде.
Од тој момент биле прогласени вонредна состојба и полициски час во главниот град, Прага. Во градот, веќе активно се барале сторителите на убиството. Атентаторите исчезнале. До моментот на смртта на Heydrich, сепак, 157 лица веќе биле погубени. Полошото било неизбежно и било јасно дека ќе дојде.
После погребот на Heydrich во Берлин, никој друг освен Фирерот, Адолф Хитлер, нареди четири работи кои ќе им се случат на жителите од било кое село каде ќе се открие дека ги криеле атентаторите. Сите возрасни мажи ќе бидат веднаш убиени, а жените ќе бидат транспортирани во концентрационен логор. Децата треба да бидат собрани и оние кои сметале дека се погодни за Germanisation (кои покажале различни ариевски црти) треба да се постават во SS семејства и да израснат како добри нацисти. А останатите треба да бидат израснати на “други начини”. Потоа, конечно селото треба да се израмни со земја, така што сите траги за неговото постоење би исчезнале.
Неговите наредби биле спроведени веднаш. Селото Lidice било опкружено, и покрај недостатокот на било какви докази дека токму овие луѓе ги криеле војниците одговорни за атентатот. Мажите биле однесени на фармата на работ на селото и биле убиени, прво во групи од по пет, а потоа по десет кога поттикнувачот на овој ужас, Horst Böhme, се пожалил дека процесот трае премногу долго. До попладневните часови, 173 мажи лежеле каде што биле застрелани.
203 жени и 105 деца прво биле однесени во селското училиште. Од таму биле земени и однесени во друго училиште во блискиот град Kladno. Четири од жените биле бремени и затоа биле однесени во истата болница каде Heydrich умрел. Нивните бебиња биле насилно абортирани. Повеќето од жените биле однесени во Равенсбурк концентрациониот камп каде што голем број починале поради болест.
Но, што се случило со децата? Најнапред, биле однесени во една напуштена фабрика во Łódź и ефективно биле фрлени таму: не им била понудена медицинска нега и покрај нивниот очигледен недостаток на хигиена и страдање во текот на неделата, бидејќи биле киднапирани од нивните домови. Властите потоа се свртеле и отстраниле голем број деца за Германизација (Germanisation).
Било кажано од сведок дека овие деца биле избрани по случаен избор, потоа биле дадени на SS семејства да ги израснат.
Имаше некои двоумењa при одлуката на конечната судбина на другите деца. Сепак, на крајот на јуни, Адолф Ајхман, веќе почнал со управување на логистиката за масовната депортација на Евреите во гета и концентрационите логори во германско-окупираната Источна Европа кога и го наредил масакрот.
Пред седумдесет години останатите осумдесет и две деца биле предадени на Гестапо. Од таму тие биле однесени во концентрационите комори каде биле убиени. Од 105 деца на Lidice, само 17 деца се вратиле во своето село. 153 жени се вратиле, порано сопруги и мајки, сега вдовици без деца.
Никој никогаш нема да дознае дали некој плачел кога овие деца загинале, далеку од дома и од нивните мајки и татковци. После овие случувања, невините деца се вратиле и засекогаш останале во Lidice. 82 бронзени статуи, 40 момчиња и 42 девојчиња, стојат како вечен потсетник на масакрот. Децата на Lidice се дома каде што тие и припаѓаат.