ДИЕТИ

Еве зошто треба интензивно да вежбате

By kukuriku

December 03, 2020

Јогата и пилатесот се најпосакуваните начини за физичка активност кај голем дел од дамите.

Да, тие помагаат за зацврстување на мускулните групи, но ако сакате да изгубите тежина, подобро е да се заложите за нешто поинтензивно.

Ново истражување на Универзитетот во Кејп Таун, Јужна Африка, ја откри причината за најбрзите и ритмички спортови кои работат најдобро на изгледот на телото.

За време на секој тренинг мускулите трошат по некое количество кислород. Колку поинтензивно е кардио е вежбањето, толку повеќе кислород им е потребен. Како резултат на тоа на крајот телото има потреба од време и енергија за да закрепне од “недостатокот” на кислород, што пак резултира со многу калории.

Атлетичарите во истражувањето биле поделени во две групи – едниотдел правеле поумерени вежби на побавно темпо, а другиот поинтензивни. По вежбањето втората група согорела два пати повеќе калории од првата.