ДИЕТИ

Еве зошто треба да се избегнуваат строгите диети

By kukuriku

March 09, 2020

Секоја жена посакува да има совршено тело, но често пати го одбира погрешниот начин за да го постигне тоа. Најдобро решение за да изгледате како од соништата е со правилна исхрана и со соодветни вежби, а најважно од сè е да се избегнува држењето на строги диети и изгладнувањето.

Главната работа којашто ретко кој ја знае е тоа дека со изгладнувањето ние негативно влијаеме на нашиот организам и иако некогаш за брзо време ги намалуваме вишокот килограми, има толку многу лоши последици со коишто не сме запознаени.

Затоа, секогаш пред да решите да направите некаква нова промена во вашиот живот, како на пример држењето диета, првин информрајте се како тоа ќе влијае на вашето здравје и дали ќе ви донесе посакувани и трајни резултати.

Нарушување во исхраната и депресија

Со држењето на строгите диети за брзо време го намалувате бројот на калории кои ги внесувате во организмот и на тој начин негативно влијаете врз психичкото здравје. Ова најчесто доведува до депресија, а покрај тоа гладнувањето станува навика и може да доведе до булимија и анорексија.

Намалување на мускулната маса

Кога гладувате, вие всушност го измачувате вашето тело. Односно, телото не ја добива потребната храна, па затоа бара други извори на енергија, како на пример мускулите. Кога ќе успеете за една недела да ја намалите тежината за еден килограм, сигурно на прв поглед тоа ви изгледа одлично и како успех, но всушност не размислувате дека му штетите на вашиот организам. На овој начин вие предизвикувате вашето тело да стане недефинирано и опуштено.

Враќање на изгубената тежина за брзо време

Покрај тоа што лошо влијае на здравјето, брзото слабеење не трае долго. Кога слабеете брзо, вашето тело се навикнува да функционира со помалку внесени калории и на тој начин се забавува метаболизмот. Во почетокот ќе ја намалите тежината за брзо време, но откако ефектот на диетата ќе се намали и ќе започнете со нормалната исхрана, за многу брзо време ќе ги вратите килограмите.

Нередовна менструација

Неправилната исхрана, којашто е последица од строгите диети често пати води кон нередовна менструација, особено кај младите девојки. Недоволното внесување на витамини и минерали имаат негативно влијание врз хормоните, па затоа држењето на строгите диети предизвикува доцнење на циклусот, прескокнување на циклусот или пак намалено крварење.

Се намалува желбата за секс

Строгите диети влијаат негативно и на желбата за секс. Тие предизвикуваат раздразливост, истоштеност, а понекогаш и депресија и затоа желбата за интимност се сведува на нула.

Опаѓање на косата

Кога држите диета, можете да приметите дека косата повеќе ви опаѓа, а тоа се случува бидејќи не внесувате доволно витамини, минерали, протеини и други хранливи материи коишто му се потребни на вашиот организам. Поради тоа вашата косата станува потенка и поретка и со помалку волумен.

Измореност

Преу храната ние всушност ја добиваме потребната енергија, па затоа диетите предизвикуваат умор, недостиг на енергија и истоштеност. Доколку почнувате да се чувстувате така, имајте на ум дека тоа е знак дека правите работи коишто се лоши по вашето здравје.

Камен во жолчката

Дел од луѓето коишто држеле строги диети и ослабеле за брзо време по само неколку месеци страдале од камен во жолчката.

Главоболки, дехидрација и ризик од срцев удар

Недостигот на масти во организмот предизвикува губење на вода и мускулна маса. Избегнувањето на течностите за време на диетата водат кон дехидрација, а тоа предизвикува големи главоболки, ниско ниво на шеќер во крвта, а понекогаш може да доведе и до срцев удар.

Стрес, нервоза и раздразливост

Поради тоа што строгите диети создаваат фрустрации и нервоза бидејќи сте лишени од омилената храна, често знаат да доведат до голем стрес и раздразливост. Нивото на кортизол и грелин се зголемува па затоа се јавуваат овие несакани последици.

Брчки и стрии

Брзото слабеење предизвикува појава на стрии, бидејќи не ѝ дозволува на кожата да се прилагоди на новата форма, а исто така брчките стануваат поизразени.