Повеќето луѓе не се разделуваат со очилата за сонце во текот на летото, но во зима тотално заборават за нив. Штетата од сончевите UV зраци за очите сепак останува иста, и покрај разликата во температурите.
Според некој експерти сонцето е дури поопасно за човечкото око во текот на студените денови, бидејќи додека трае летото луѓето гледаат да се кријат под сенка, а зиме поминуваат максимално време на сонце.
Изложување на сончевите UV зраци може не само да предизвика иритација на кожата, изгореници или да го зголеми ризикот од рак на кожата, но исто така е поврзано со неколку очни проблеми како привремени изгореници во окото и оштетување на рожницата. Не се исклучени и долгорочни проблеми како макуларна дегенерација и катаракта.
Фотокератит е болна состојба, предизвикана од изложеност на UV зрачење, чувството е како очите да ви горат. Исто така познат како ултравиолетов кератитис, оштетувањето е предизвикано од висок интензитет на ултравиолетовите зраци на рожницата на окото и конјунктивитис. Најчесто оваа состојба постои кога окото е изложено на сончева светлина, рефлектирана од површината на снег, вода или песок. Ако состојбата е предизвикана од рефлексија на сонцето врз мраз или снег, тоа е нарекувано и “снежно слепило”.
Всушност, во случаи на долготрајно изложување на окото на сончев одраз во снегот, снежното слепило може да доведе до несвестици, обично со времетраење 24-48 часа. Затоа луѓето кои се активни во голема надморска височина како планинарење или активности како скијање задолжително носат заштитни средства за очите.
Ако потрошите многу време во близина на вода или песок повторно не треба да излегувате без очила за сонце. Во последните години истражувањата покажаа како хроничното изложување на сонце исто така придонесува за катаракта – состојба на заматување на окото. Во исто време долгорочната и континуирана изложеност на ултравиолетови зраци е поврзана со ризикот од рак на очите. Наочарите за сонце не се само моден додаток. Затоа при изборот важно е да не се гледа само изгледот. Обложете се на поларизирани очила за сонце со висока UV заштита.