СЕМЕЈСТВО

Еве зошто децата имаат напади на бес

By kukuriku

October 24, 2019

Најверојатно најнепријатна фаза во возраста која се мери со едноцифрен број на годината е онаа кога децата имаат напади на бес од причини кои ниту може да се разберат, ниту да се предвидат. Ако сте токму сега сте во таква фаза, да ве утешиме: не се единствени.

Понекогаш, поводот за напад на бес е очигледен, детето сака играчка, вие не сакате да му ја купите и ете го на подот на продавницата како вика од петни жили удирајќи со нозете. Или вие сакате да тргнете од паркот дома, а детето сака да спие на нишалките.

Тие ситуации се сами по себе непријатни, но сепак не се чувствувате како да губите здрав разум, затоа што сепак ви е јасно зошто детето вика (иако би биле среќни тоа да не се случува). Но кога малите деца беснеат, а вие не знаете дури ни зошто, најверојатно ќе посакате да побегнете (врескајќи исто така).

Еве зошто децата имаат напади на бес

И само да напоменеме – ова нема никаква врска со воспитувањето. Сите деца поминуваат низ тие фази. На вас е само да не изгубите нерви до тој момент (што е и причина поради која ви ја претставивме оваа листа).