Сите ние користиме барем една од социјалните мрежи. Пишуваме статуси за нашите идни планови, ги разгледуваме фотографии на нашите пријатели, ги читаме новостите и муабетиме.
Иако социјалните мрежи се обидуваат да ги заштитат личните податоци на нивните корисници, сепак постојат одредени информации што можат да бидат злоупотребени.
1. Геолокација
Сигурно сте забележале дека ознаките за геолокација се додаваат автоматски. На социјалните мрежи обично секогаш е вклучена оваа функција. Тоа значи дека човек со секакви намери може да дознае каде работите, каде живеете и каде го поминувате времето. На вас останува да одлучите дали сакате да го преземете ваквиот ризик.
2. Телефонски број
Продолжува на страна 2
2. Телефонски број
Честа навика е да се поврзе телефонскиот број со социјалните мрежи. Меѓутоа, не треба да заборавате на стапиците и замките на оваа функција. Во најдобар можен случај ќе ви се јави некој напорен обожавател или дете што сака да се кажува. Во најлош можен случај, ќе ве хакираат за да ги украдат вашите лични податоци.
3. Дата на раѓање
Продолжува на страна 3
3. Дата на раѓање
Вашата дата на раѓање е исто толку важна колку и вашето целосно име и домашна адреса. Оваа информација може да им помогне на измамниците да ја хакираат вашата лична сметка во банка.
4. Фотографии од билети, карти и лични документи
Продолжува на страна 4
4. Фотографии од билети, карти и лични документи
Многу патници објавуваат фотографии од аеродроми со нивните билети, со цел да ги доловат емоциите што ги чувствуваат поради нивниот долгоочекуван одмор. Доколку и вие го правите ова, внимавајте! Бар кодот на вашиот билет е единствен и може да се искористи за да се добијат вашите лични информации што сте ги оставиле кај авионската линија. Корисниците прават и други слични грешки: Кога сакаат да се пофалат поради тоа што добиле нова ВИП кредитна картичка или возачка дозвола, тие споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Запомнете дека објавувањето такви слики воопшто не е добра идеја.
5. Објави поврзани со вашите идни планови
Продолжува на страна 5
5. Објави поврзани со вашите идни планови
Кога ги споделувате вашите планови за викенд со пријателите, важно е да запомните дека крадците на тој начин добиваат идеја кога е вистинското време за да испланираат грабеж. Освен тоа, доколку грабежот се случи додека сте на патување, а сте ги споделиле плановите на социјалните мрежи, тоа може да се смета како настан што никогаш не се случил и вашето барање за осигурување ќе биде одбиено.
6. Информации поврзани со работата
Продолжува на страна 6
6. Информации поврзани со работата
Има случаи кога вработените биле отпуштени поради тоа што откриле компромитирачки информации за нивната работа или за клевета и приказ на некаков прекршок на правилата на работното место. Токму затоа, треба да размислите два пати пред да објавите нешто поврзано со вашата работа. Вашиот шеф и колеги можеби ќе бидат разочарани.
7. „Пијани“ фотографии
Продолжува на страна 7
7. „Пијани“ фотографии
е тоа што сакате да ги споделите случките од незаборавната забава на која сте присуствувале минатиот викенд. Но, треба да запомните дека вашиот профил е отворен и вашите весели, „пијани“ фотографии се видливи не само за вашите пријатели, туку и за вашиот шеф, роднини и останатите корисници на социјалните мрежи. На овој начин може да го изгубите вашиот углед.
8. Број на пријатели
Продолжува на страна 8
8. Број на пријатели
Пријателите на социјалните мрежи се само фиктивна бројка и не докажуваат никакво вистинско пријателство надвор од виртуелниот свет. Токму затоа, психолозите советуваат да ги отстраните сите контакти што не ви требаат и да ги оставите само оние корисници со кои сакате да ја продолжите комуникацијата.
9. Информации поврзани со деца
Продолжува на страна 9
9. Информации поврзани со деца
Прво и основно, најважна е детската согласност. Пред да објавите смешна фотографија со вашето дете, запрашајте се дали би сакале да ја најде оваа слика на Интернет во иднина. Можеби е срамна или незгодна? Исто така, треба да помислите на безбедноста на детето. Доколку постојано објавувате лични информации на социјалните мрежи, на тој начин им помагате на криминалците полесно да стигнат до вашите деца. Не би сакале некој криминалец да знае во кое училиште оди вашето дете, се согласувате? Освен тоа, често се случува фотографите да објавуваат слики од деца што ги виделе за време на нивните патувања. Треба да има правило да не се споделуваат фотографии и информации за деца без согласност на родителите.
10. Фотографии од пријателите
Продолува на страна 10
10. Фотографии од пријатели
Честопати корисниците објавуваат смешни фотографии од нивните пријатели за да им се смеат. Но, дали навистина ви е потребно да ги покажете пријателите во такво светло, знаејќи дека повеќето корисници можат да ја видат фотографијата? Станува збор за непромислена постапка што скапо може да го чини вашиот пријател.
11. Фотографии со вашиот поранешен партнер
Продолжува на страна 11
11. Фотографии со вашиот поранешен партнер
Колку и да сте чувствителни, најдобро е да ги избришете фотографиите со вашиот поранешен партнер. Тоа ќе ви помогне да ги одбегнете проблемите со новиот или потенцијалните партнер кој ве надгледува на социјалните мрежи. Освен тоа, носталгичните сеќавања не му помагаат на вашето расположение.
12. Информации што не сакате да ги споделите со непознати луѓе
Продолжува на страна 12
12. Информации што не сакате да ги споделите со непознати луѓе
Многу е важно да не објавувате информации што не сте подготвени да ги споделите со непознати луѓе. Секако дека тоа не значи дека треба да паничите и да ги избришете сите ваши профили на социјалните мрежи. Само треба да запомните дека вашите онлајн информации се јавни, па затоа добро размислете пред да објавите нешто.