ДОМАЌИНСТВО

Еве на кој начин да ги сочувате зачините

By kukuriku

August 03, 2020

Купувајте во одредени количини

Никогаш не купувајте зачини во преголеми количини. Многу зачини ја задржуваат својата арома и вкус најмногу две години. Затоа добро размислете пред да купите зачини во поголеми количини.

Не ги складирајте на директна сончева светлина

Чувајте ги на темно место. Силната и директна светлина го има истиот ефект на зачините како и топлината. Многу е лесно да се препознае дали зачиниот кој сакате да го купите бил изложен на директна светлина, потребно е само да погледнете дали бојата се променила.

Свежо наспроти Сушено

Покрај големиот избор на зачини, постојат свежи и сушени зачини. Избегнувајте го сушениот магданос и сушеното нане – доколку го сакате вкусот на сушена трева можеме само да ви кажеме да уживате во јадењето. Широко познато е дека свежите билки или зачини се секогаш подобар избор и додаток во јадењето.

Направете си домашен зачин

Испечете си ваш зачин за дополнителен вкус во вашето омилено јадење. Начинот е многу лесен и едноставен. Испечете или тостирајте зачини како што е семето од ким, по печењето оставете го да се олади, а потоа измелете го.

Пробајте нови зачини

Експериментирањето со храната и зачините може вашите кулинарски способности да ги донесе на повисоко, завидно ниво. Отстапете од секојдневните зачини и навики во готвењето и донесете нешто ново и возбудливо во вашата кујна. Преку готвењето со нови и егзотични зачини, како што е сафранот, ќе се изненадите колку е важна употребата на нови елементи при поготовката на храна.