Еве мајките што им велат на децата, а што навистина мислат

1111

Мајчинската љубов е немерлива.

Секоја мајка за нејзиното дете би направила апсолутно сѐ на светот.

Сепак, постојат и ситуации кога тие мали ангели потполно нѐ исфрлаат од такт. Но, и тогаш мама ќе пронајде вистински и нежен збор иако во себе мисли нешто сосема друго.

  • Можеби – Веројатно НЕ!
  • Ќе видиме – Значи, НИКОГАШ!
  • Ајде да играме некоја помирна игра – Престани да зборуваш, ми ги дупиш ушите!
  • Могу добро ја одбра облеката која ја облече – Ауу, барем нешто да истуриш врз себе пред да излезеш од куќата!
  • Каде го слушна тоа? – Имаш целосно погрешна информација!
  • Еден ден ќе ми се заблагодаруваш заради ова – Се надевам дека ќе заборавиш дека ова некогаш се случило!
  • Може ли мама да има малку приватност во бањата? – Мама би сакала на мир да испие чаша вино!
  • На мама ѝ треба чаша вино – На мама всушност ѝ треба вотка на екс.
  • Мислиш дека тоа е добра идеја? – Ова е најлошото нешто што некогаш си го сугерирал!
  • А-ха – Јас немам идеја за што зборуваш!
  • Ох, душо, тоа е одлично! – Јас сѐ уште немам поим за што зборуваш, но ти звучиш ентузијастички, одушевено, па те поддржувам.
  • Навистина? Навистина? – Добро, во што е проблемот?
  • Затоа што јас така реков – Дефинитивно ја губам битката, а ова е мојот последен аргумент.
  • Само една секунда! – Немам намера да се променам додека повторно не ме повикаш врескајќи!.
  • Челото не ти е жешко. Немаш температура – Стани, облечи се и тргни веќе еднаш во е**ното училиште!
  • Прашај го тато – Сега е негов ред да биде негативец.
  • Звучиш исто како Бијонсе – Боже, те молам моето дете да има некој друг талент!
  • Те сакам! – Нема апсолутно ништо на светов што би можела да сакам повеќе од тебе!