Еве колку вирусот корона може да преживее на вашата кожа!

310

Неодамнешното истражување спроведено од јапонски научници покажува дека вирусот корона може да преживее на човечка кожа и до девет часа, објави канадски Глобал њуз.

Експертите велат дека овие резултати не се толку алармантни колку што звучат, а примероци од корона вирус биле пронајдени кај починати ден по нивната смрт.

Откриено е дека Ковид 19 може да живее максимум девет часа и четири минути, односно пет пати повеќе од патогените микроорганизми кои предизвикуваат обичен сезонски вирус.

Студијата исто така покажа дека 80 проценти етанол може да ја убие кoрoната во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипег, Канада, вели дека ова е важна информација за неа.

“Ако знаеме дека можеме брзо да го убиеме вирусот со миење на рацете, тогаш да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и да се тушираме без престан кога ќе дојдеме од надвор. Треба само да разбереме дека вирусот е на нашите раце и може ни се случува со истите раце да го допреме носот, устата, очите и со тоа да дадеме шанса Ковид 19 да се развие во нашето тело“, рече Синтија Кар.