ЗДРАВА ХРАНА

Еве како сладоледот го штити здравјето

By kukuriku

August 04, 2019

Верувале или не, омилениот летен десерт, сладоледот, во кој сите ние сакаме да уживаме во топлите летни денови, е корисен за здравјето.

– Сладоледот е богат со калциум. Бидејќи основните состојки за правење сладолед се млеко и слатко овошје, овој десерт е одличен извор на калциум, но и витамин А и Б. Возрасните луѓе имаат високи дневни потреби за калциум, околу 1.000 милиграми дневно, а на бремените жени и деца им е потребно и повеќе.

– Сладоледот помага во одржување на телесната тежина. Заради количината на шеќер и млечни масти се смета дека сладоледот дебели иако некои истражувања го покажуваат спротивното. Калциумот ја намалува калориската вредност на сладоледот па така таа изнесува меѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ, велат нутриционистите.

– Сладоледот содри голема количина на витамини и антиоксиданси. .Сладоледот кој се прави од свежо или замрзнато овошје е одличен извор на витамини, додека сладоледот кој се прави од зрна кафе и какао е одличен извор на полифенол, антиоксиданси кои го чува срцето и крвните садови.