Како и повеќето ќерки, сигурно и вие, во определена фаза од вашиот живот се прашувате дали вашиот однос со таткото остварил влијание на вашите односи со партнерите. Какво влијание има тој врз изборот на партнерите, квалитетот на тие врски, сексуалните одлуки и дали вашиот брак може да заврши со развод.
Добрата вест е дека сите вие кои имате татко кој ги подржувал и сакал за време на нивниот период на растење, секогаш имаат позитивен однос со мажите и просперираат во љубовта. Како тинејџерки, овие девојки подоцна ја губат невиноста и не избрзуваат со долуки за кежуал сексуален однос со случајни партнери. Ова значи дека тие имаат помалку шанси да се стекнат со орпеделена сексуално пренослива болест или да останат бремени. Тие знаат да кажат не на сексуални активности кои не им се допаѓаат и не се впуштаат во интимни односи со мажи кои не ги познаваат добро. Покрај сексуалниот живот, овие жени имаат многу поисполнети љубовни врски. Нивните врски се емотивно постабилни и длабоки.
За разлика од нив, девојките кои не растеле со таков профил на татко, имаат попроблематични врски со мажите. Кај нив шансите се многу поголеми за да се разведат. Тие се премногу меки или премногу агресивни, во моментите кога треба да го кажат својот став, при решавање на соодветни проблеми. овие девојки се задоволуваат со многу малку или пак имаат премногу високи стандарди за тоа што идеалниот маж треба да поседува. Имајќи во предвид дека не добивале доволно љубов од нивните татковци, тие очекуваат идните партнери безусловно да ги сакаат и заштитуваат.
Ќерките кои немаат добар татко во својот живот имаат “таткова глад”. Исто како кога одите да пазарувате гладни, вие секогаш правите погрешни одлуки, бидејќи купувате набрзина и не сте подготвени со список на здрава храна. Така и ќерките кои не добивале доволно љубов од своите татковци, во моментите по потрага на маж, прават неправилни одлуки.