Еве како „облак“ од коронавирусот се шири кога некој ќе се накашла или кивне

344

Коронавирусот се шири низ воздухот кога некој ќе се накашла или ќе кивне, а оваа 3Д симулација што ја направиле научници од Финска покажува на кој начин патува „облакот“ на коронавирусот низ внатрешноста на супермаркетот.

Научниците креирале компјутерска симулација за да проучат колку далеку вирусот може да стигне во затворен простор. Резултатите до кои дошле се загрижувачки – заразените капки можеле да заразат здрави лица и откако инфицораната личност заминала од местото на кое кашлала или кивнала.

Научниците велат дека најдобар начин да ја избегнете заразата е ако избегнувате јавни места на кои има многу луѓе.

„Ако одите на места каде што има многу луѓе, задржете се најкратко што можете“, советува професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска.

Во видеото погледнете како капките на коронавирусот се шират низ продавницата и колку долго остануваат во воздухот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.