ХОРОСКОП

Еве како најлесно да прочитате личност родена во знакот Вага

By kukuriku

June 19, 2021

Вагата, сосема разбирливо, целиот свој живот го посветува во тоа да воспоставува баланс и рамнотежа во секое поле.

Но, во исто време, со самото тоа што има две страни, може да биде и многу неодлучна.

Карактерот им е срдечен, секогаш се ведри, друштвени, се однесуваат пристојно и никогаш не изостануваат убавите манири.

Сакаат да живеат во хармонија. Важна им е и естетската страна на нештата.

Веруваат дека убавата фасада внатре крие и убав ентериер.

Ако се чувствуваат лошо, наоѓаат начин веднаш да го поправат тоа, било да е со убава облека, шминка, нова фризура или некоја декорација во домот.

Тие навистина сакаат да се ослободат од сè што е негативно околу нив. Сакаат комплименти, а многу подраго им е кога им ласкаат, наместо кога им ја кажуваат суровата вистина.

Не сакаат да бидат сожалувани, па затоа скоро и да не разговараат за својата приватност со никого, а тоа го надоместуваат со грубост и примитивизам.

Кога се чувствуваат нападнато, нив ги фаќа паника, но изостанува инстинктот за борба и преживување, па затоа е лесно да бидат поразени.

Затоа им е тешко да бидат сами, бидејќи кога има некој со нив, се чувствуваат посилно и посигурно.