Лошата крвна слика, односно анемијата е почеток на многу здравствени проблеми.
Ако подолго време мачите мака со неа, со овој рецепт ќе почувствувате подобрување.
Народната медицина тврди дека ви требаат само неколку состојки од кои ќе направите вкусна и здрава мешавина.
Потребно
- 200 мл мед
- 200 грама грама ореви
- 200 грама суво грозје
- 200 мл сок од морков
- 200 мл сок од цвекло
- 2 лимона
Подготовка
Лимоните преполовете ги и исчистете ги од семките, па потоа сомелете ги во блендер со или без кора, по желба. Во нив додадете ги соковите и медот и промешајте. На крајот додадете ги мелените ореви и суво грозје.
Ќе добиете околу 1 килограм лековита смеса која може да ја чувате во стаклени тегли, во фрижидер. Не правете преголеми залихи.
Консумирајте по 1 шолја секое утро на празен стомак.