СЕМЕЈСТВО

Еве како ќе го упропастите своето дете 

By kukuriku

July 24, 2019

Следат неколку препораки и совети за родителите кои „сакаат да го уништат“ своето дете

1. Исполнете му ја секоја желба и уверете го дека целиот свет се врти околу него.

2. Кога ќе каже некоја пцовка или лош збор смејте се од се срце и вашето дете ќе поверува дека тоа е многу забавно.

3. Никогаш не му зборувајте за моралот, не му зборувајте ова не е добро, ова смееш да го правиш, а ова не смееш. Не му зборувајте за должностите и обврските.

4. Секогаш правете ти работите наместо него и ослободете го од секоја обврска.

5. Расправајте се секогаш пред него и нема да се зачуди ако што било се случи во семејството.

6. Давајте му пари секогаш кога ќе побара и нека ги троши како сака. Ако вие сте пателе, не мора и вашето дете.

7. Исполнете му ја секоја желба кога станува збор за јадење и пиење.

8. Секогаш бидете на негова страна кога некој ќе го нападне, учител, професор, сосед… Така ќе го образувате со уверување дека секогаш е во право.

9. Кога ќе наиде на каква било непријатна ситуација, речете му дека вие сте виновни и така ќе го ослободите од секаква одговорност.

Ако направите 80 отсто од наведеното, бидете задоволни, сте ја оствариле целта. Сте го упропастиле вашето дете.