Среќата ја прават секојдевни моменти и најмалите работи некогаш може да ни го направат денот најсреќен.
Еве неколку совети како веднаш да си го подобрите расположението
- Донирајте ја облеката што ја немате носено повеќе од 3 години во добротворни цели.
- Престанете да наоѓате изговори за нешто што одамна требало да биде направено.
- Поминете повеќе време со вашето семејство.
- Не се мачете себеси со секоја мала неважна работа.
- Не бидете завидливи и љубоморни.
- Слушајте добра музика.
- Престанете да гледате толку многу телевизија и вести.
- Престанете да мислите дека ви требаат многу материјални работи за да бидете среќни.
- Бидете добри кон животните.
- Направете си ваша сопствена програма за вежбање.
- Станете рано наутро и искористете го денот.
- Кажувајте им повеќе комплименти на луѓето.
- Најдете начин да им простите на сите што ве повредиле. Не задржувајте негативни мисли во вас.
- Пијте многу течности и јадете многу витамини.
- Не озборувајте. Озборувањето може да ве наполни само со негативна енергија.
Продолжува на страна 2
- Фантазирајте за среќна иднина.
- Јадете бавно и уживајте во храната.
- Излегувајте почесто на сонце.
- Испланирајте патување.
- Направете си листа на работи во кои сте добри и чувајте ја за моменти кога ви треба повеќе самодоверба.
- Спијте повеќе. Кога сте уморни одете во кревет. Слушајте го вашето тело.
- Бидете физички активни.
- Јадете здраво. Држете се до 80-20% правило. 80% здрава храна со 20% од вашите омилени нездрави навики.
- Јадете црно чоколадо. Делува подобро дури и од антидепресиви.
- Потрошете пари на искуства, не на работи.
- Исчистете ја собата во која поминувате најмногу време. Ставете цвеќе или нешто што и дава живост.
- Отворете штедна книшка.
- Научете се да кажувате НЕ кога треба.
- Играјте игри: монопол, карти, шах или било што, што ќе ви го подигне адреналинот.
- Кога ќе почувствувате колку сте среќни во некој момент, застанете и запомнете го тој момент.