Еве како да ја преживеете пандемијата и да го победите стравот

222

Коронавирусот го промени светот откако настана пандемијата и секако влијае на начинот на размислување на светската популација.

Дека се работи за сериозна ситуација, сведочи и сликата во нашата земја деновиве, кога луѓето масовно ги посетуваат маркетите, продавниците и купуваат повеќе отколку што им е потребно за да направат залихи. Со оглед на сериозноста на ситуацијата, менталното здравје на поединци може да биде загрозено. CNN објави неколку корисни совети за тоа како да одржите ментална рамнотежа во вакви денови кога секој ден светот сè повеќе се менува.

Ограничете ги изворите на информации

На интеренет „патуваат“ многу лажни информации за пандемијата од коронавирус , па добро е да пронајдете неколку веродостојни извори. Следете ги информациите на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија.

Кои се вашите стравови?

Понекогаш е корисно да размислиме каква закана конкретно нè загрижува. На пример, може да ве загрижува финансиската ситуација поради коронавирусот, особено оние кои не можат да работат од дома. Имате ли заштеда или некој друг извор на приходи освен од работата?

Планирањето за борба со стравовите, ќе го намали чувството на страв.

Мислете и на другите

Доколку премногу размислувате за животната ситуација, може да си предизвикате анксиозност, па треба да сфатите дека постојат некои кои се многу повеќе изложени на опасност, како лекарите и медицинскиот персонал кој им помага на заболените.

Побарајте помош, но без ширење паника

Корисно е да разговарате со некој за она што се случува во светот, да ја планирате иднината во вакво кризно време, но на мирен и разбран начин без ширење паника. Опцијата професионален психијатар е исто така корисна.

Посветете внимание на вашите потреби

Доволно сон, правилна исхрана, физичка активност, ќе го заштитат и вашето ментално здравје.

Стравот и кризата во вакви моменти се нормални и не плашете се поради тоа. Клучот е да ги разберете вашите чувства и да ги ставите во правилен контекст за да не ве спречат да живеете здраво.