ЗДРАВЈЕ

Еве како да ја пиете водата

By kukuriku

September 08, 2021

Како што има правила за исхрана, такви постојат и за пиењето вода.Еве и неколку интересни препораки кои може да се земaт предвид:

Пијте седнати

Според Ајурведата (и природолечението) кога пиете вода исправени, таа брзо се спушта надолу кон дебелото црево, на тој начин спречува хранливите материи во неа да бидат апсорбирани. Ова може да доведе до голем број здравствени проблеми, меѓу кои артритис и оштетување на бубрезите.

Пијте на бавни голтки

Постојат неколку причини зошто треба да пиете вода на мали бавни голтки. Нашата плунка е алкална и на водата ѝ треба време за да се измеша со плунката за да се стабилизираат и балансираат киселините во желудникот. Освен тоа бавното пиење го смирува вашиот дигестивен систем. И, се разбира, брзото пиење може да го вознемири стомакот.

Пијте вода во текот на целиот ден

Кога пиете вода во текот на денот, ќе се чувствувате сити и нема опасност од прејадување. Не пијте многу вода пред јадење Ако пиете многу вода непосредно пред јадење, ќе го пополните стомакот со течности и нема да има доволно место за варење.

Според Ајурведата желудникот треба да е полн со 50% храна, 25% вода и 25% треба да остане празен, за да може да се извршат соодветните процеси за разградување на храната и апсорпција на хранливите материи.

Не пијте многу вода за време на оброк

Водата ја разводнува не само плунката, но и стомачните сокови и киселини кои ја разградуваат храната.

Правилното време и доза