Многу луѓе често се жалат како производите кои на прв поглед се чинат здрави, знаат да ги подујат.
Нутриционистите објаснуваат зошто – пред да каснеме нешто забораваме да провериме колкава количина на шеќер содржи.
За некои популарни производи сме свесни дека се нездрави, но не сфаќаме точно колку, додека за други никогаш не сме знаеле дека ни го полнат телото со големи количини шеќер.
1. Порција корнфлекс – 7 лажици шеќер
2. Еден овошен јогурт – 3,5 до 6 лажици шеќер
3. Еден чоколаден бар – 6 лажици шеќер
4. Чаша газиран пијалак – 7 лажици шеќер
5. Бонбони покриени со шеќер – 6 лажици шеќер
6. Парче леб со крем – 4 лажици шеќер
7. „3 во 1“ кафе – 2 лажици шеќер
8. Лименка енергетски пијалак – 5 лажици шеќер
9. 100g кечап – 4 до 6 лажици шеќер
10. Чаша негазиран сок – 7 до 11 лажици шеќер