ЕУЛЕКС упадна во канцелариите на ветераните на УЧК

172

Специјалните единици на ЕУЛЕКС влегоа во канцелариите на организацијата што собира ветерани на Ослободителната војска на Косово (УЧК), пренесуваат косовските медиуми.

Акцијата на ЕУЛЕКС започна 24 часа откако првообвинетиот член на таа организација, поранешен локален командант и еден од раководителите на разузнавачката служба, Саљиха Мустафа, беше однесен во Специјалниот суд за злосторства на УЧК.

Минатата недела непознато младо момче во три наврати донело документи во канцелариите на ветераните на УЧК, кои наводно доаѓаат од архивите на Специјалниот суд

По апсењето на Мустафа во четвртокот, косовските медиуми објавија нови апсења на обвинети пред Специјалниот суд за злосторства на УЧК.