Епидемија на морбили во Скопје, невакцинирани деца нема да бидат примани во градинките

403

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мала сипаница на подрачјето на Град Скопје, откако претходно биле регистрирани 12 нови лица заразени од оваа болест. Сите 12 новозаразени лица не биле вакцинирани.

Од 12-те нови случаи, шест се потврдени, а другите шест имаат типична клиничка слика. За нив од Министерството дополнителни информации најавија за утре.

Како дел од мерките што денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП, како и забрана за носење невакцинирани деца во градинките.

Епидемија на морбили во Скопје, невакцинирани деца нема да бидат примани во градинките (ДПЛ)