Емоционалната злоупотреба е нешто кое ја уништува вашата самодоверба и самопочитување, а во голем број од случаите луѓето не се ни свесни дека се предмет на емоционална злоупотреба.
За разлика од физичката злоупотреба која нанесува физичка болка и остава видливи траги, емоционалната злоупотреба е нешто кое никој од надвор не може да го забележи, сè додека жртвата не се реши да проговори за сето она низ кое поминува.
Емоционалната злоупотреба најчесто се користи како начин на контрола, правејќи ја жртвата немоќна, исплашена и со целосно погрешна претстава за себеси.
Доколку забележите некои од следните знаци кај себе, веднаш реагирајте. Не дозволувајте да бидете нечија марионета. Вие сте силна и неверојатна личност и воопшто не треба да се се сомневате во тоа.
1. Партнерот/ката постојано ве понижува пред други луѓе.
2. Партнерот/ката ги критикува вашите постапки заради што имате чувство дека ништо не знаете да наравите како што треба.
3. Постојано ви упатува лоши, несоодветни и омаловажувачки шеги.
4. Сака да контролира сè околу себе, вклучувајќи ги и вашите постапки.
5. Постојано ве потсетува на вашите недостатоци и пропусти.
6. Не ги цени вашите чувства и често ви вели дека не сте во право и дека сте премногу чувствителни.
7. Често негодува за сè што правите.
8. Ви ги скратува изливите на нежност и сексот како форма на казна.
9. Ги омаловажува вашите соништа и достигнувања.
Продолжува на страна 2
10. Ги споделува вашите приватни моменти и тајни со другите и покрај тоа што вие не се согласувате со тоа.
11. Мисли дека не сте способни да оцените што е најдобро за вас.
12. Ве обвинува за неговите проблеми и нерасположенија.
13. Многу е чувствителен/на кога ќе наравите шега на негова сметка.
14. Заради него/неа чувствувате вина секогаш кога сакате да се видите со вашите пријатели или да направите било што во кое не е вклучен/а.
15. Заради него/неа се чувствувате како да не сте доволно добри и како да треба да бидете благодарни што сте во врска со него/неа.
16. Секогаш инсистира дека е во право, а вие грешите.
17. Ви наметнува суптилни закани во форма на сугестии дека сака да ви помогне.
18. Постојано се обидува да стапи во контакт со вас кога не сте заедно, обидувајќи се да дознае со кого сте и што правите.
19. Ги контролира вашите финансии, бидејќи на тој начин може да контролира што правите и на што трошите пари.
20. Ве обвинува за работи кои не се точни и постојано морате да ја „докажувате“ вашата љубов.