ПАРИЗ – Продажбата на нови електрични возила во Франција ги надмина бензинците за прв пат во првиот квартал од оваа година, што е голема пресвртница за возилата со помали емисии, за што придонесоа високите цени на бензините и владините субвенции за електрифицирани модели.
Сепак, вкупната продажба на нови автомобили во Франција паднала за 17,3 отсто во првиот квартал, што потона за речиси 20 отсто во март десетти последователен месец, бидејќи автомобилската индустрија е во големи проблеми поради тесните грла во синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на полупроводници. Танјуг.
Продажбата на целосно електрични и хибридни модели сочинува речиси 40 отсто од вкупната продажба на нови автомобили, во споредба со 38,3 отсто удел на конвенционалните бензински модели, според податоците од индустријата објавени на порталот Платформ автомобил (PFA).
Кога на бензинот ќе се додаде и уделот на дизел моторите од 16,5 отсто во вкупната продажба во првиот квартал, тоа значи дека моделите со мотори со внатрешно согорување и натаму се мнозинство.
Најпродаван автомобил во Франција во март беше Tesla Model 3, по што следуваа Dacia Spring на Renault и Peugeot 208 Stelantis.