Повредените лица се пренесени во болница, а двајца имале сериозни повреди.
Едно лице загина, а 18 се повредени во експлозија која утрово се случи на североистокот од Јапонија, а властите покренаа истрага за да ја утврдат причината за експлозијата.
Експлозијата одекнала во ресторан во градот Коријама, на 200 километри североисточно од Токио, наведува Кјодо Њуз повикувајќи се на локалните власти.
Се верува дека причината за експлозијата е истекување на гас, наведува Кјодо, повикувајќи се на локалната полиција и пожарникарите.
Повредените лица се пренесени во болница, а двајца имале сериозни повреди.
Снимките од самото место на настанот ја покажуваат зградата соголена до челичната конструкција и остатоците кои се разлетале наоколу.
Експлозијата била толку силна што оштетила и некои згради во близина каде се искршени прозорци, покажуваат снимките.
Жителите пред телевизиските камери изјавија дека таква експлозија никогаш не слушнале. „Целата куќа ми се тресеше“; наведува еден жител кој живее на 200 метри од местото каде се случи експлозијата.
Полицијата ги замоли станарите од околните згради да ги напуштат своите домови поради можно истекување на гас.
Во ресторан во тек биле работи за обновување и требало да се отвори во петок, се наведува во извештаите.