ДИЕТИ

Една јаболка пред јадење | Промените ќе ги забележите по помалку од еден месец

By kukuriku

November 01, 2020

Јаболката се честа намирница во нашата исхрана, а во однос на хранливите материи одлично се избалансирани и содржат витамини, минерали, растителни влакна и фолна киселина, а имаат мала калориска вредност.

Без разлика дали ги сакате кисели или слатки, зелени, црвени или жолти, јаболката ви се потребни доколку сакате брзо и ефикасно да симнете вишок килограми и да се доведете во топ-форма.

Во прилог ви предлагаме петдневно мени во кое јаболката се јадат пред ручекот и пред вечерата:

Прв ден

Појадок: Чаша нискомаслено млеко Ручек: Едно јаболко, 300 гр варен зеленчук, едно варено јајце и парче двопек Вечера: Едно јаболко, 100 гр печено пилешко

Втор ден

Појадок: Чаша јогурт Ручек: Јаболко, 100 гр варено пилешко, салата и парче ‘ржан леб Вечера: Јаболко, 200 гр туна

Трет ден

Појадок: Чаша јогурт или кефир Ручек: Јаболко, 100 гр мисиркино и една краставица Вечера: Јаболко, 150 гр печено телешко

Четврт ден

Појадок: 100 гр сирење, двопек и омлет од едно јајце Ручек: Јаболко, 100 гр интегрални тестенини, домашен кечап и малку сирење Вечера: Јаболко, 200 гр пилешко месо

Петти ден

Појадок: Овошен јогурт Ручек: Јаболко, 200 гр риба и малку зелена салата зачинета само со лимон Вечера: Јаболко, 100 гр пастрмка и помал домат