ТЕХНОЛОГИЈА

Дроновите се помасовно во полза на медицинските услуги

By kukuriku

November 24, 2019

Швајцарските болници во соработка со калифорниската компанија „Матернет” работат на систем од дронови коишто низ Швајцарија ќе бидат дел од автономна мрежа за достава на медицинска помош.

Проектот под наслов „Матернет Стејшн” содржи склад за материјалот, како и „паметна сталка” за полетување и слетување, што ќе овозможи многу побрз превоз на итната медицинска помош.

Швајцарската Влада во март годинава и законски и дозволи на компанијата да користи логистичка мрежа од дронови над погусто населените места.