Следи древен индијански кодекс напишан на современ јазик …
1. Стани со Сонцето и помоли се. Моли се сам. Моли често. Големиот Дух ќе слуша, само ако ти зборуваш.
2. Бидете толерантни за оние што се изгубени на патот. Незнаењето, гневот, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Молете се за нив да го најдат водството.
3. Побарајте се себе, преку себе. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е вашиот пат и само ваш – Другите можат да одат со вас, но никој не може да оди за вас.
4. Однесувајте се кон гостите во куќа со многу внимание. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им најдобар кревет, осднесувајте се према нив со почит и честитост.
5. Не земајте ништо што не е ваше, било од некоја личност, заедница, дивиот свет или нечии култури. Не е заслужено и дадено. Не е твое.
6. Почитувајте се што постои на Земјата, како луѓето така и растенијата.
7. Почитувајте ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувајте нечиј говор, не се подбивајте со другите. Дозволете секое лице да има право на самоизразување.
8. Никогаш не зборувај лошо за другите. Негативната енергија што ја испраќате во вселената ќе ви врати дупло.
9. Сите луѓе прават грешки. Секоја грешка може да се прости.
10. Негативните мисли предизвикуваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.
Продолжува на страна 2
11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Таа е наше Свето семејство.
12. Децата се семе на иднината. Направете љубов во нивните срца и залевајте ги со мудрост и учења за животот. Додека растат, дајте им место да тастат.
13. Избегнувајте ранување на други срца. Отровот и болкта ќе ти се вратат.
14. Бидете искрени во секое време. Искреноста е тест за наследство и конзистентност во овој универзум.
15. Држете се себе во рамнотежа. Своето умно Јас, Духовното Јас, Емоционалното Јас, и Телесно Јас. Сите треба да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Зајакнете го телото за да зајакне умот. Растете богато во духовноста за да излечите емоционални рани.
16. Донесете свесна одлука, како што сакам и каков ќе бидам, како ќе постапувам и ќе се справам со моите дела. Бидете одговорни за вашите акции.
17. Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите. Не чепкај те во туѓа сопсвеност, особено во светите и духовните реликвии. Тоа е забрането.
18. Бидете првенствено чесни према себе. Не можете да бидете внимателни и да им помогате на другите ако не сте внимателни према себе и не си помогнете прво себе.
19. Почитувајте ги другите религии. Не ги присилувајте другите да веруваат во твојата.
20. Споделете ја својата среќа. Споделете и учествувајте во давање милост.